-->
-->
Дали би јаделе крофна од 100 долари - Еве од што е направена!
-->
Крофната е неизоставен дел од менито на просечниот Американец и може да се купи за помалку од долар, доколку не се најдете во ресторанот Manila Social Club во Бруклин кој нуди крофна од 100 долари.
Главниот кувар, имено, смислил посебен третман за своите гости - крофна Golden Cristal Ube наполнета со крем од шампањ и посеана со златни трошки, а за тој десерт цената е вистинска ситница, 100 долари.
Некои би рекле дека е прмногу висока, но гостите чекаат на ред за да ја порачаат, вели сопственикот на ресторанот Бјорн ДелаКруз.
-Не мислев дека луѓето ќе доаѓаат и ќе нарачуваат по 10 крофни од еднаш. Но чекајте, ова е ЊуЈорк, вели ДелаКруз.
Додал и дека крофната е токму така осмислена зошто многу сака шампањ, а исто така сакал да го прослави и отварањето на ресторанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени