Дадилката од Ѓорче конечно обвинета за малтретирање на 9-месечно бебе

Дадилката од Ѓорче Петров која го тепаше и малтретираше 9-месечното бебе доверено на чување од страна на неговите родители, и чии снимки од изживувањето врз беспомошното бебе ги виде целата македонска јавност, денеска е официјално обвинета за стореното кривично дело.
Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – запуштање и малтретирање на малолетно лице, од член 201 од Кривичниот законик.
Кривична пријава беше поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството поведе постапка против дадилката ангажирана од родителите на деветмесечното малтретирано дете, соопштува обвинителство.
„Донесеното Обвинение се заснова на прибраните докази, меѓу кои и извршените вештачења, особено за психичката состојба на осомниченото лице и за настанатите последици кај детето. Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката –притвор за осомничената“, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
