-->
-->
Дачиќ: Срамен чин на Приштина, меѓународната заедница да изврши притисок врз Курти
-->
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја оцени како „срамен чин“ одлуката на косовските власти да му забранат на патријархот на СПЦ Порфириј за Божиќ да оди во Пеќската патријаршија, јави дописникот на МИА од Белград.
Дачиќ за ТВ Хепи ја осуди меѓународната заедница што не реагирала во врска со ова и изјави дека ваквата забрана за кој било верски лидер во Европа би предизвикала најостри можни реакции.
Тој оцени и дека суштината на излезот од актуелната ситуација на Косово е меѓународната заедница да изврши притисок врз косовскиот премиер Албин Курти.
Српскиот шеф на дипломатијата рече и дека државниот врв на Србија ќе продолжи да се залага за мир и решавање на сите проблеми преку дијалог и повтори дека нема да се дозволи било каков прогон на Србите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски