Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна обука и да полага испит за продолжување на лиценцата за работа, велат од Лекарска комора

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија д-р Игор Кузмановски мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детална проверка на стручните знаења и способности, информира денеска Лекарската комора на Северна Македонија.
Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на доктор Игор Кузмановски, постапувајќи со, како што наведуваат, најголема сериозност и одговорност.
- Како резултат на констатираните наводи и за да се гарантира заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, Комората, покрај законски утврдените услови, донесе одлука за преземање на дополнителни мерки. Имено, беше одлучено дека д-р Кузмановски за да може неговото барање да биде одобрено, мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детална проверка на стручните знаења и способности, се вели во соопштението.
Од Комората посочуваат дека Законот за здравствена заштита прецизно ги утврдува условите за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците за работа, а во моментов не постои судска пресуда или друг правен акт кој би условил одбивање на барањето за одземање на лиценцата. Комората, како што се наведува, ја користи законската можност да наметне засилен механизам на контрола и едукација.
- Паралелно со ова, во Комората тече и сеопфатна процедура поврзана со неговото етичко однесување како доктор. Комората даде јавна и остра морална осуда за однесувањето на докторот, јасно ставајќи до знаење дека со своето однесување тој ги крши етичките принципи и го нарушува интегритетот и угледот на лекарската професија. За да се донесе конечна, издржана и најправедна одлука, Комората ги очекува извештаите на комисиите формирани од Министерството за здравство и Универзитетската клиника за неврологија, кои треба да дадат поширока претстава за професионалниот лик и стручната способност на докторот во целина. Конечната одлука на Комората ќе биде донесена по темелна анализа на сите прибрани докази и извештаи, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
-

Муцунски во Брисел на состанок со шефовите на дипломатите на земјите членки на НАТО
-

Повеќе од 200 компании се вмрежуваа на бизнис форумот Македонија-Србија
-

Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
-

Претпладне Скопје беше најзагаден град во Европа - Се зголемува бројот на пациенти со здравствени проблеми
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
