„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
„Д фестивал“ од оваа година ќе се одржува во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, потврди дена во јули во подножјето на тврдината „Исар“, кај реката Брегалница, ќе се одржи „Д фестивал“. Фестивалот ќе трае три дена, со што сите сместувачки капацитети ќе бидат на располагање на посетителите.
-Верувам дека „Д фестивал“ ќе ја зголеми културата во нашиот град, можностите, но и од аспект од јакнење на локалната економија. Многу е важно шти три дена во месец јули во градот Штип ќе дојдат илјадници посетители, ќе го закупат целиот град, целиот сместувачки капацитет, градот ќе живее во ритамот на фестивалот, рече Јорданов.
Фестивалот ќе се одржи на отворено како и сите години претходно, во подножјетот на тврдината Исар, на пешачката патека покрај река Брегалница. Дополнително, ќе има соодветна кампинг зона за посетителите и неколку бини.
-Концептот е променет делумно, но она кое е белег на фестивалот е кампинг зона, неколку стејџови. Ова лето илјадници посетители ќе бидат дел од фестивалот и сите сместувачки капацитети ќе бидат ставени на располагање, изјави Јорданов.
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи по 15 пат, а за првпат во Штип. Неговите почетоци и 14 годишно одржување до сега беше во Дојран.
Ново на Сител
-
20 години ОМД
-
Идеологија, солидарност или пари – што ги тера да се борат македонците во Украина и Русија?
-
Украина под огромен руски напад
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ