Македонија
12. August 2016 - 10:18

Цветков и Љајиќ ќе разговараат за трговијата со пченица

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во Скопје ќе се сретне со потпретседателот и министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.

На средбата се очекува да стане збор за трговската размена меѓу двете земји со посебен акцент за пченицата и брашното.