-->
-->
ЦУК: Можни излевања на Пчиња и Крива Река
-->
Забележан е зголемен водостој на реката Пчиња во Пелинце и на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, информира ЦУК.
Од ЦУК предупредуваат за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња.
- Истовремено поради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции, наведува ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја
-
Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас во посета на Куманово
-
Писториус: Можно е Русија во 2029 - 2030 година да нападне земја-членка на НАТО
-
Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба
-
Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико
-
Променливо облачно, до 14 степени
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење