ЦУК: Два ер трактори го гаснат пожарот во општина Долнени
Два авиони ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа да дејствуваат на пожарот во Општина Долнени, кај селата Слепче и Гостиржани.
Како што информира Центарот за управување (ЦУК), пожарот е поделен во два крака кои се движат кон густа и уредена шума на велешка територија од едната страна и селото Црнилиште, Прилепско на другата страна.
Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни. Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување.
Активните се три пожари во општина Битола. Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација. И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација.
Ново на Сител
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
