ЦУК: Бојно гаѓање на стрелиштето „Еребино“ од утре до среда
Центарот за управување со кризи (ЦУК) најавува дека утре, на 11 и на 12 јуни во периодот од седум до 15 часот ќе има бојно гаѓање на стрелиштето „Еребино“ во општина Желино. Од ЦУК апелираат доколку граѓаните пронајдат неексплодирани убојни средства, да пријават на 112, со цел тие безбедно да бидат отстранети.
Според наведеното, ќе се врши бојно гаѓање од страна на припадници на тетовската полиција и во тој реон ќе се слушаат детонации од гаѓањето.
- Ако граѓаните пронајдат одредени неексплодирани проектили, да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку да ја пријават нивната локација на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во Центарот за управување со кризи, се нагласува во соопштението.
Потоа, како што се додава, неексплодираните убојни средства ќе бидат безбедно пренесени и неутрализирани од страна на надлежните служби и институции.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола