ЦУК: 1 621 повици на 112 во последното деноноќие, девет пожари и сите се изгаснати
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 621 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,35%, а 40,65% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 72,55%, кон Итната медицинска помош 21,57%, а кон пожарникарите 2,08% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, имало 670 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). Имало девет (9) пожари на отворено и сите се изгаснати.
Интервенирале пожарникарите од Скопје, Велес, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане и Крива Паланка. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од БППЗ на град Скопје, дека 11.25 до 13.10 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснеле запалена депонија на површина од 1 000 m2 кај обиколница кај Смилковско Езеро (Општина Гази Баба). РЦУК Велес, известува дека ТППЕ Велес од 17.10 до 17.40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено ѓубриште во с.Башино Село во близина на игралиштето. РЦУК Штип, известува дека ТППЕ Кочани од 17.43 до 19.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на две места во с.Горни и Долни Подлог и кај с.Кучичино (Општина Кочани).
ТППЕ Виница во изминатото деноноќие имале една помала интервенција. РЦУК Куманово, известува дека ТППЕ Куманово во период од 16.15 до 17.35 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари два пати интервенирале на запалено ниска вегетација во с.Долно Коњаре. ТППЕ Старо Нагоричане во период од 16.45 до 18.10 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште во с.Младо Нагоричане маало „Барабци“, било опожарено стрниште со површина од 0,4 хектари. ТППЕ Крива Паланка, во период од 11.00 до 13.00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалено ниска вегетација и грмушки во с.Ранковце кај месноста „Десетак“.
Била опожарена површина околу 0,4 хектари (Општина Ранковце). Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Ново на Сител
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ