Црногорски епидемиолог: Сезоната на празници е епидемиoлошки предизвик
Претстојната празнична сезона претставува голем епидемиолошки предизвик затоа што непочитувањето на мерките и организацијата на собири и прослави може скапо да нè чини, изјави директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје Игор Галиќ во интервју за „Побједа“.
– Апелирам до граѓаните да се воздржат од несовесно однесување и со тоа да го зачуваат своето, но и здравјето на нивните најблиски. Кога станува збор за корекција на мерките, Институтот за јавно здравје ја следи епидемиолошката состојба и врз основа на индикатори и состојбата на теренот, ќе предложиме здравствени мерки, вели црногорскиот епидемиолог..
Според Галиќ, епидемиолошката состојба во Црна Гора е тешка и сложена.
– Веќе некое време, епидемиолошката крива има стабилен карактер, но бројот на новоинфицирани на дневна основа е исклучително голем. Тоа е најголемиот проблем и директна последица од непочитувањето на мерките. Морам да нагласам дека има одредено дискретно подобрување во одредени градови, но рано е да се зборува за тоа во контекст на значаен тренд кој најавува промена што сите со нетрпение ја очекуваме, вели епидемиологот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника