Црногорците забранија работа во недела
Црногорските пратеници во Собранието ги усвоија измените и дополненијата на Законот за внатрешна трговија, со кој е предвидено продавниците и супермаркетите да бидат затворени во недела. Законот ќе почне со примена наесен.
Со овие измени се забранува трговија на големо и мало за време на неделите и празниците, со исклучок на продажните објекти или места во кои тоа е неопходно за обезбедување на животните потреби на граѓаните. На оваа листа се наоѓаат аптеките, специјализираните продавници, киосците за продажба на леб, пекарски производи и колачи, цвеќиња, сувенири, новини, средства за заштита на растенија и погребна опрема.
Во недела ќе може да работат и бензиските станици, како и продавниците во нив, пазарите, тезгите, подвижните продавници, како и продавниците во затворените подрачја на автобуските и железнички станици, аеродромите и пристаништата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
