Црна Гора одбележува десет години независност
Црна Гора одбележува денеска десет години од референдумот за отцепување од заедничката држава Србија и Црна Гора.
На 21 мај 2006 година 55,5 проценти од учесниците во референдумот гласаа за отцепување на Црна Гора од заедничката држава, а 44,5 беа против.
Референдумот и донесе независност на Црна Гора, а црногорските власти сметаат дека изминатите десет години на земјата и донеле економски раст, поголеми плати и пензии.
Вицепремиерот Вуциа Лазовиќ истакна дека Бруто внатрешниот производ за тие десет години се зголемил за 80 проценти, а просечната плата двојно се зголемила од 246 на 478 евра.
Тој додаде дека просечната пензија пред десет години изнесувала 140, а сега е 270 евра, невработеноста е намалена од над 30 отсто на 16,6 проценти.
- Најнеразвиената република во поранешна Југославиа постигна забележителни резултати. На прагот сме на членство во Европската унија и прашање на денови е кога ќе станеме поплноправна членка на НАТО, додаде Лазовиќ.
Според синдикатите, пак, во тие десет години 35 илјади работници ги загубиле работните места, мнозинството од Црногорците едвај врзуваат крај со крај, затвораат фабрики, се повеќе граѓани ги напуштаат северните региони на земјата.
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано