Црквата „Свети Јован“ на Канео на насловната страница на списанието „National Geographic“

Најфотографираната црква на Охридското Езеро, посветена на Свети Јован на Канео во Охрид се најде на насловната страница на Специјализираното издание на „National Geographic“ наменето за американскиот пазар.
Охрид и Охридското Езеро, како најпознатото туристичко место во Македонија, се наоѓа меѓу познати дестинации во светот што секако треба да се посетат, односно како едно од „стоте места што ќе ви го сменат животот“ како што стои во насловот на изданието.

„Охридското Езеро денеска е препознатливо по своите убави плажи и можностите што ги нуди за активност на вода, но тоа е и место на чии брегови следбениците патувале со векови за да ги видат православните храмови и повеќе од 800-те икони насликани во Византиски стил“, стои во делот на магазинот посветен на Охрид.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

Опозицијата реагира дека предлог-казните за злоупотреба на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ биле ниски
-

Ахмети: Без извршен Бадентер, нема коалиција со идна Влада
-

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?
-

Нема договор за интервентно зголемување на минималната плата
-

Потпишан договор за инвестиции во енергетиката
-

Респираторните инфекции и загадениот воздух го зголемија бројот на болни деца на Детската клиника
