Опозицијата реагира дека предлог-казните за злоупотреба на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ биле ниски
Измените на власта на Кривичниот зкаоник со кои треба да се поправи грешката од 2023 година за драстичното намалување на казните за злоупотреби направени од функцинери веројатно во среда ќе ја одложи Одлуката на уставниот суд за укинување на овие спорни одредби. Според информации од Судот се размислувало прво да му се даде шанса на Собранието да ги донесе ваквите измени, и доколку тоа се случи да биде повлечен и предлогот за оценување на уставноста на измените од 2023 година.
Од уставен официјално, не ја исклучуваат ваквата можност.
„Предметот беше тема на разговор на денешниот состанок на судиите, меѓутоа одлука ќе биде донесена во Среда, за кога е овој предмет ставен на Дневен ред“, велат од таму.
По критиките од фелата и Европската унија, Уставниот суд на 12 февруари поведе постапка за оценување на уставноста на експресните измени што ги направија СДСМ и ДУИ со намалување на застареноста на кривичните дела поврзани со злоупотреба на службата. Тогаш уставните судии определија рок на Собранието од 6 месеции, односно до крајот на годинава да ги направат потребните измени со кои ќе се ревидираат претходните одредби.
Од друга страна, измените што минатата недела ги поднесоа пратеници на владејачката партијасо обралзожение дека се поправа грешката од 2023 година, предизвикуваат реакции кај оопозицијата. Од СДСМ велат дека новите одредби се спротивни на директивите на ЕУ.
Од Левица пак, тврдат дека со измените не се враќа правдата.
„Предложените решенија не соодветствуваат ниту со предскандалозните одредби, ниту со Кривичниот законик изработен од експертска работна група којшто со години стои во фиока. Практично, наместо заострување на казнената политика, се создава правна рамка што овозможува побрзо застарување, поблаги санкции и реална можност за условни казни за најтешките форми на корупција преку ублажување на казните“, велат од партијата на Апасеив.
Реакција има и од Блупринт групата за реформи во правосудството. Тие ги поздравуваат измените, но се сомневаат дека со нив може да се предизвикаат други последици.
„Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање на решенијата кои важеа пред 2023 година, без воведување нови концепти. Да се повлечат или темелно преиспитаат одредбите за проширена конфискација кои овозможуваат одземање имот без кривична постапка и судска осуда. Да не се стеснува поимот „корист“ само на имотна корист кај делата за злоупотреба на службена положба и несовесно работење, со што се создава ризик од неказнивост за сериозни облици на корупција“, бараат од групата.
Според објаснувањето од власта, со предлог-измените се предвидени повисоки казни затвор за залоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата, но и повторно враќање на злоупотребата во јавните набавки како потешко кривично дело, што беше избришано од СДСМ и ДУИ. Помалите казни за некои облици на кривични дела од оние што постеја пред измените од 2023 година, биле ставени согласно законодавствата од ЕУ држави, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
