Респираторните инфекции и загадениот воздух го зголемија бројот на болни деца на Детската клиника
Над 150 прегледи на болни деца викендот имале дежурните лекари на детската клиника. Поголемиот дел биле со полесни симптоми на горните дишни патишта, но неколку бебиња поради компликации задржани се на болничко лекување.
- Кои симптоми доминираат периодов?
- Најчесто симптомите се на горните дишни патишта со течење на носот, кашлање,болки во грлото, црвенило на очите, а кај помалите дечиња се јавуваат и компликации како пневмонии и слично и тие ги хоспитализираме, изјави д-р Реџеп Мемеди, директор ан Клиниката за детски болести.
Загадениот воздух деновиве според педијатрите дополнително им ја влошувал состојбата на болните деца.
- Да секако загадениот воздух лошо влијае кај болните деца и им ги влошува симптомите , рече д-р Мемеди.
Инаку неделно на Детската клиника кај 5 до 6 дечиња изолираат грип, најчесто Инфлуенца тип А.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
