Ципрас: Ни се заканува „историско дежа ви“
Фашизмот и нацизмот се нехумани идеологии, но, се моќни, бидејќи се потпираат на инстинкти, а во услови на војна, инстинктот за преживување се зајакнува, порача на маргините на Мировниот форум во Париз грчкиот премиер Алексис Ципрас.
-Ултрадесничарите и националистите имаат свој план, кој е јасен и безвременски. Да се подели општеството, да се цели кон одредена група луѓе, да се негува стравот и да се повика на национална гордост, која важи само за избраните, изјави грчкиот премиер, истакнувајќи дека се соочуваме со „историско дежа ви“.
Ципрас додаде дека по војната меѓу поразените преовладувал инстинктот за одмазда и оти токму тоа го искористиле тогашните демагози.
Тој истакна оти денес треба да се направи споредба и да се бори за Европа и покрај разликите, бидејќи „историјата не може да чека и кога се повторува, да биде многу сурова кон нас“.
-Европа е повторно изградена по две светски војни, заснована на социјална правда, заштита на работниците, еднаквост на половите, унапредување на инфраструктурата, како и мир и соработка меѓу народите, додаде тој.
Ново на Сител
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон