Ципрас и Пенс телефонски разговарале за преговорите за името на Република Македонија
Американскиот потпретседател Мајкл Пенс и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, соопшти прес-службата на Белата куќа.
Според соопштението, Пенс „му се заблагодарил на Ципрас за покажаното лидерство, заедно со она на македонскиот премиер Зоран Заев, во нивниот обид да го решат деценискиот спор за името на Македонија“.
- Потпретседателот го охрабри премиерот Ципрас да продолжи да работи со премиерот Заев за взаемно прифатливо решение. Решавањето на овој спор ќе помогне за стабилноста и мирот во регионот, стои во документот.
Во соопштението се нагласува и дека Пенс и Ципрас се согласиле дека пред Атина и Скопје се отвора „историска можност да го решат ова прашање“ и оти „времето е од големо значење“.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички