-->
-->
Циципас убедливо го надигра Зверев
-->

Дебитантот на АТП финалето, грчката тениска сензација Стефанос Циципас го забележа вториот триумф во натпреварите во „Андре Агаси“ групата, „нокаутирајќи“ го Александер Зверев со 6:3/6:2 за да обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот за осумте најдобри тенисери на светот.
Со втората победа, откако во првиот меч првпат во кариерата го совлада Данил Медведев, грчкиот тенисер, не само што се пласираше во полуфиналето, туку во исто време го елиминираше Медведев, кој одличната форма во вториот дел на 2019 не успеа да ја реализира во „О2 Арената“, губејќи практично добиен меч против Надал попладнето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Државата ги унапредува капацитетите за справување со кризи, показна вежба на Водно за спасување од жичница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Стефковски: За мене е чест што моето име ќе биде меѓу имињата на анкетите за градоначалник на Скопје
-
Мицкоски за случувањата со Арсовска: Дадов коментар, не би имал што да додадам
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората
-
Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на испитот
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето