Ц.И.А. ВО БЕРЛИН
Американска серија која ќе ве држи будни во доцните часови ова лето. Неверојатни шпионски игри и пресврти од кои запира здивот.
Серијата го следи тајниот агент Даниел Милер, кој е повикан во ЦИА станицата во Берлин со цел да открие кој изнесува доверливи информации до разоткривачот Томас Шо. Во берлинската станица, Даниел ќе треба да се справи со кртовите, да ги спречи потенцијалните опасности и да ги направи моралните компромиси кои се неопходни.
Откако ќе го среди овој случај, во наредните епизоди ќе гледаме како тој ќе треба да се инфилтрира во крајно десничарска германска политичка партија за која се верува дека планира терористички напад непосредно пред претстојните избори.
Акција, непредвидливи ситуации и врвни игри од интерес нѐ очекуваат од понеделник до петок во добропознатиот ноќен термин.
Ново на Сител
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“
-
Го фатила за врат снимателот и му ја оштетила камерата, на новинарот му го одзеле и фрлиле телефонот, обвинение за нападот во Визбегово
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога