ТАЈНАТА НА АНГЕЛОТ
Кога семејното насилство ќе ги потисне сите желби и соништа, за Џенет не преостанува ништо друго освен да ја прифати несреќната судбина во име на жртвата за нејзините деца. Вистинскиот пекол за неа започнал кога се омажила за Јилмаз, нестабилен и насилен човек од кого има три деца. Со тој човек поминала години на страдање, понижување, но и физичко насилство. Наместо хармонија и љубов, доживеала само тага и болка. Ќе плаче длабоко во себе, но ќе се смее пред нејзините деца затоа што вистинската љубов не постои на ниту едно друго место освен во срцето на мајката.
И откако нејзината душа конечно ќе се успокои, следува жестока потрага по правда и казна. Нејзината смрт ќе ја открие тајната на нејзиниот живот, а писмото кое го оставила Џенет ќе ги промени животите на нејзините деца. Писмо во кое за прв пат, храбро и сигурно ќе може да ја соопшти нејзината долго чувана тајна и да го обвини својот сопруг за нејзината смрт.
Ќе успеат ли сега сведоците да ја докажат тајната на мајката или злобниот Јилмаз и овој пат ќе го сврти процесот во своја корист? Следува жестока борба меѓу доброто и злото, борба меѓу синот и таткото во драматичната сторија за тајната на ангелот.
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза