Чуркин: Русија загрижена поради растот на тензиите во Украина
Русија изрази загриженост поради растот на тензиите во Источна Украина во текот на изминатиот месец и зголеменото присуство на украински сили во овој регион, изјави постојаниот претставник на Руската федерација во ОН Виталиј Чуркин.
Чуркин нагласи дека вооружените сили на Украина продолжуваат да го зголемуваат присуството на своите сили во регионот, дури и без криење на тешкото вооружување, пренесува „Спутник“.
- Не загрижува, а тоа го потврдуваат и набљудувачите на ОБСЕ, тоа што во текот на изминатиот месец тензиите повторно растат. Седумдесет проценти од договорот за прекин на огнот во областа Доњецк важи. Од регионот под контрола на силите на Украина редовно се отвора оган, изјави Чуркин на седница на СБ на ОН.
Само во областа Горловка, според податоците на разузнавачките служби на Доњецк, се распоредени 85 тенкови, 12 оклопни возила и 30 ракетни рампи, истакна рускиот дипломат.
Ново на Сител
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка