Чулев: До Владата ќе доставам уредба за награда од по 15 илјади денари за припадниците на МВР
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот фејсбук профил информира дека потпишал и до Владата ќе достави уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи, кои, како што вели, целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот.
-Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи, напиша Чулев на ФБ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа