-->
-->
Човек рани со нож неколку луѓе во Минхен
-->
Маж со нож рани неколку лица во германскиот град Минхен, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на германската полиција, објавено на Твитер.
Напаѓачот избегал и во моментов во тек е потрага по него. Нападот се случил во центарот на градот, на плоштадот Розенхајмер. Мотивите за нападот засега не се познати.
Полицијата ги повика луѓето што живеат во близина на плоштадот да останат дома и го опиша напаѓачот како маж на возраст од околу 40 години. Тој избегал од местото на злосторството со црн велосипед.
Според германските медиуми, повредените не се во животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата