Четврти Саем за вонучилишни активности во Кавадарци
Во Кавадарци денеска се одржа четвртиот по ред Саем за вонучилишни активности во Организација на општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво.
Саемот се одржа во кругот на Спортскиот центар "Јасмин" во овој град.
Пред околу 4 илјади ученици од основно и средно образование, се претставија триесетина невладини организации, спортски клубови, културно уметнички друштва, здруженија на граѓани, народна техника и други организации кои имаат за цел да воспитуваат и одржуваат здрава младинска популација.
- Целта е младите да не претеруваат на трошењето на времето пред компјутер, во кафулињата или да бидат препуштени на улицата или пороците на модерното живеење. На штандовите на повеќе здруженија и НВО, можат да се видат предлозите за разни вонучилишни активности, рече Димитар Каракулев, претседател на Советот.
На штандовите се претставија и еколошкото друштво "Еко живот", детското фестивалче "Ластарчиња", планинарското друштво "Орле" и други.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка