Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, соопштија украинските власти.
Поради обемот на штетите затворена е метро станицата Лукианивска во близина на центарот на градот, пренесува ДПА.
За разлика од претходните напади на Киев, овој пат не бил објавен аларм за воздушен напад, а предупредувањето се огласило дури откако се слушнале експлозии.
Според официјалните извештаи, во нападот биле користени балистички ракети. Оштетената метро станица се наоѓа веднаш до фабрика за оружје која повеќепати била цел на руски ракетни напади.
Според украинските медиуми, остатоци од проектилите паднале и во други делови на градот.
На сликите кои се објавуваат на социјалните мрежи можат да се видат оштетени автомобили и истекување вода предизвикано од пукање на водоводна цевка на станицата.
Во делови на Киев, каде живеат три милиони жители, водоснабдувањето беше привремено прекинато.
Ново на Сител
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана
-
Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
-
84-годишник сечел дрва, едно паднало врз него и го убило
-
Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината
-
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
-
Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево