Четворица скопјани уапсени, ограбиле возило на битолчанец паркирано кај Скопски саем

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари
Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со употреба на тврд предмет го искршиле задното лево лептир стакло и ја отклучиле вратата на патничко моторно возило марка “Рено меган“ (со битолски регистарски таблички), влегле во возилото, успеале да го отворат гепекот на возилото, и заедно со другите двајца пријавени М.Џ. и Б.Џ. одзеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра.
По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицата се лишени од слобода и во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото.
Ново на Сител
-

Современиот начин на живот влијае врз младите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
