Четворица штипјани ја демонтирале оградата на мостот на Крива Лакавица
Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.
-Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек