-->
-->
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
-->
Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да си го одземе животот, соопшти денеска локалната полиција.
Истражителите првично не дадоа повеќе детали за идентитетот на жртвите.
Инцидентот се случил утрово во станбена зграда во населбата Остенбург.
Откако биле алармирани од сведоци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се сомневаат дека било користено, изјави портпарол на полицијата. Тој не даде детали за видот на оружјето.
Полицијата соопшти дека не сака да објавува дополнителни информации од почит кон семејството на жртвите.
Портпаролот исто така рече дека училиштата на децата сè уште не се известени за инцидентот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар