Четиринаесет сообраќајки вчера во Скопје, повредени 10 лица
Пешак е тешко повреден, а уште девет лица се полесно повредени во шест од вкупно 14 сообраќајни незгоди во изминатото деноноќие во Скопје. Останатите осум сообраќајки се со последица материјална штета.
При спроведените контроли од страна на сообраќајната полиција се преземени мерки кон 19 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, двајца кои возеле под дејство на алкохол, тројца поминале на црвено светло, петмина зборувале на мобилен, а тројца пешаци сториле разни прекршоци.
Со помош на специјалното возило отстранети се 59 возила.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во градинка „Пролет“ објект„Сончогледи “ во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините