Четиричлено семејство повредено во сообраќајка кај поранешна велешка Порцеланка

Четири члена на едно семејство од село Горно Врановци – мајка, татко и две деца, се повредени попладнево во сообраќајна несреќа на патот после поранешна велешка Порцеланка, на свиокот кон село Горно Оризари во правец на Велес, кога се превртел автомобил марка Бе-Ем-Ве со велешки регистарски таблички со кој патувале жртвите.
Како што информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, др. Тодор Јаковлевски, двете возрасни лица се здобиле со тешки повреди и се во животна опасност, поради што по прегледот во велешката болница со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Хируршките клиники во Скопје.
– Двете нивни деца се вон животна опасност, а на едното од нив хируршки тим на велешката Општа болница се подготвува да му изврши операција, изјави Јаковлевски.
Екипа на СВР Велес е на терен и врши увид и работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
Ново на Сител
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски и Филипче во дуел за резултатите на владата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од СДСМ
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
-

Уште 5 дена од кампањата за вториот круг, кандидатите за градоначалници и денеска на терен
-

Петар Јанков и официјално ја презеде градоначалничката функција
-

11 месеци затвор за таткото кој нападна малолетни фудбалери на натпревар во Штип
