Македонија
12. October 2024 - 20:34

Четири возила опожарени во Чаир

Четири автомобили гореле ноќва во скопски Чаир.

„На 12.10.2024 година во 2.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Цветан Димов во Скопје било опожарено патничко возило опел мерива со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје. Од пожарот биле зафатени две возила опел со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило тојота, со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје“, соопшти полцијата.

Нема повредени лица, а пожарите ги изгаснале скопските пожарникари.