Македонија
12. October 2024 - 18:50

Во Струмица едукација на младите за селекција на отпадот

Преку едукација на најмладите до помалку отпад. Општина Струмица започна со реализација на проект кој има за цел да ја подигне свеста за селекција на отпадот. Со проектот се опфатени сите основни училишта во општината. Преку 120 работилници,  на директен и непосреден начин учениците треба да научат што е примарна селекција, , како да започне процесот на селекција на отпадот и што треба да се селектира. Освен учениците во проектот е вклучен и наставниот кадар. Првите работилници покажале дека учениците во најголем дел знаат за процесот на селекција, но она што недостасува е соодветна инфраструктура.

Во рамки на проектот ќе се изработи и прирачник кој треба да се искористи во текот на наставата. Целта е континуирано да се зборува на оваа за да може да се промовира во јавноста, а со тоа и да се дојде до некој систем за селекција на отпадот.

Освен информирање и едукација на младите, очекувањата се дека проектот ќе помогне да се  намали горењето на пластиката во домаќинствата која има директно влијание во загадувањето на воздухот.

Едукативните работилници  е планирано да продолжат и следната учебна година кога ќе бидат опфатени наставниот кадар и учениците од средните училишта.