Четири сообраќајки во Скопје, четворица повредени
На подрачјето на Град Скопје во изминатите 24 часа се случиле четири сообраќајки од кои три со последица материјална штета, а во една со полесни повреди се здобиле двајца возачи и двајца сопатници.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи кои возеле под дејство на алкохол, осум возачи кои поминале на црвено светло и осум возачи кои користеле мобилниот телефон за време на возењето. Санкционирани се и 20 пешаци кои сториле прекршок по различни основи.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани кои сториле сообраќајни прекршоци како возачи на мопеди и мотоцикли.
За денеска се најавени и едукативни работилници во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ во детската градинка „8 Март“, објект „Зеленика“ во Зелениково.
Поради меѓународниот натпревар меѓу ФК Работнички и ФК Флора од Естонија во рамки на Лига на Европа што ќе се одржи вечерва на арената „Филип Втори Македонски“ ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари