Четири лица уапсени во нереди во Атина, десет полицајци повредени
Најмалку четири лица се уапсени, а десет полицајци повредени во денешните судири меѓу грчки фармери и полицијата во Атина за време на протест против пензиската реформа и зголемувањето на даноците.
Демонстрантите фрлаа врз полицајците домати и камења, кршеа прозорци на зградата на Министерството за аграрен развој и палеа контејнери на улицата.
Портпаролот на полицијата Никос Тоскас соопшти дека десет полицајци се повредени, а двајца од нив се хоспитализирани.
Друг претставник на полицијата рече дека фармерите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на влезот на Министерството, а службениците на редот употребиле солзавец за да ги запрат и уапсиле четири лица.
Судири меѓу земјоделците и полицијата избувнаа и на автопатот што води кон грчката престолнина.
Во Источна Грција фармерите со трактори заобиколија полициска патрола и го блокираа главниот пат кон атинскиот аеродром.
Во Атина вечерва се очекуваат масовни демонстрации на плоштадот Синтагма.
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот