Четири лица уапсени во нереди во Атина, десет полицајци повредени
Најмалку четири лица се уапсени, а десет полицајци повредени во денешните судири меѓу грчки фармери и полицијата во Атина за време на протест против пензиската реформа и зголемувањето на даноците.
Демонстрантите фрлаа врз полицајците домати и камења, кршеа прозорци на зградата на Министерството за аграрен развој и палеа контејнери на улицата.
Портпаролот на полицијата Никос Тоскас соопшти дека десет полицајци се повредени, а двајца од нив се хоспитализирани.
Друг претставник на полицијата рече дека фармерите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на влезот на Министерството, а службениците на редот употребиле солзавец за да ги запрат и уапсиле четири лица.
Судири меѓу земјоделците и полицијата избувнаа и на автопатот што води кон грчката престолнина.
Во Источна Грција фармерите со трактори заобиколија полициска патрола и го блокираа главниот пат кон атинскиот аеродром.
Во Атина вечерва се очекуваат масовни демонстрации на плоштадот Синтагма.
Ново на Сител
-
„Текстилијада 2025“- проблеми во текстилниот сектор
-
Од понеделник приватните автобуси со редуциран возен ред
-
Мицкоски: ДУИ живее во минатото
-
Филипче: Лоша е состојбата во Скопје
-
Шукова: БРТ е решение за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Развој на сообраќајната инфраструктура во Скопје
-
За месец и половина клуч на врата на три штипски конфекции
-
Преглед на вестите од светот