Четири лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и тројца возачи за неправилно престројување.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени вкупно девет возачи, од кои осум пред да се стекнат со право на управување и еден возач почетник, како и 15 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 97 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 69 возила.
Денеска со почеток во 12 часот СВР Скопје – Одделението за превенција во соработка со Општина Аеродром на платото пред ТЦ „Капитол Мол“ ќе одржат промоција на Училишните сообраќајни единици од ООУ „Лазо Ангеловски“ и ООУ „Димитар Македонски“.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница