Четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
На 19.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на четири автобуси и две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од с.Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска национална ознака, управуван од Р.С.(42) и Ш.И.(52), двајцата од с.Нераште, општина Теарце, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така, при контрола во патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(25) од Струмица и патничко возило - комби „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.
Ново на Сител
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
