Честитки до Бајден од грчкиот државен врв
Претседателката на Грција, грчкиот премиер, Министерството за надворешни работи, како и лидерот на СИРИЗА, преку нивните официјални Твитер профили упатија честитки до новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, јави дописничката на МИА од Атина.
– Џо Бајден беше вистински пријател на Грција и сигурен сум дека под неговото претседателство, односите меѓу нашите земји ќе станат уште посилни, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, им честиташе и на Бајден и на првата жена потпретседателка на САД и на Твитер напиша дека очекува „проширување на соработката и пријателството“ меѓу двете земји.
– Првиот чекор е да им посакаме повторно добредојде на САД во Парискиот договор за климатските промени!, напиша меѓу другото Сакеларопулу.
Грчкото МНР, во два посебни твита испрати одвоени честитки до Бајден и Харис, истакнувајќи дека очекуваат да продолжи „зајакнувањето на одличното грчко – американско партнерство и понатамошно зајакнување на врските меѓу ЕУ и САД“.
Честитки до Бајден испратија и лидерите на грчките опозициски партии, меѓу кои и поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза