Балкан
11. April 2025 - 8:42

Вишиот суд во Нови Сад ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата

Вишиот суд во Нови Сад претпладнево се очекува да ја  соопшти одлуката за обвинението покренато против 13 лица по падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани.

Одлуката ќе биде објавена во 11 часот.

При падот на настрешницата на 1 ноември минатата година, 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени, од кои двајца подоцна им подлегнаа на повредите.