Честитката од Џафери по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик
Претседателот на Собранието Талат Џафери, од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Македонија на припадници на турската заедница им го честита 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.
– Драго ми е што овој празник со кој институционално и како граѓани на Република Македонија изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Република Македонија, го чествуваме со посебен акцент на образованието, творењето и негувањето на турскиот јазик кои се најдобра храна за душата и умот на еден народ. А во земја во која живеат припадници на повеќе различни етнички заедници, суштинско е овозможувањето на творење, функционирање и употребување на мајчиниот јазик на секоја заедница, за да се воспостават односи на искрена почит, доверба и лојалност кон државата, меѓутоа и да се придонесе кон подобро запознавање на различностите кои не прават уникатни, се вели во честитката од Џафери.
Несомнено, стои во честитката, дека турскиот јазик, култура и обичаи се толку одомаќени и се дел од сите култури, обичаи и јазици кои постојат и се активни во нашата земја, што не ги ни чувствуваме како далечни и непознати, туку само ја збогатуваат сликата.
– Уште еднаш, дозволете да Ви упатам искрени честитки и да Ви посакам светлината на образованието секогаш да ви го осветлува патот и мислата, се вели во честитката од Џафери по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.
Ново на Сител
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки