Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Македонија.
Ми претставува особена чест да ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите. На овој ден во 1905 султанот Абдул Хамид Втори го издаде декретот со кој во рамките на Отоманската Империја беа признаени националните права на Власите и се овозможи отворање на училишта на влашки јазик како значаен чекор кон зачувување на нивната етничка и културна самобитност. По 115 години од овој чин, припадниците на влашката заедница, токму во Република Македонија, го остваруваат правото на граѓанско и политичко организирање, уживајќи ги сите права како и останатите етнички заедници со што го зајакнуваат својот етнички, јазичен и културен идентитет. Нашата земја со право може да се гордее на придонесот на припадниците на влашката заедница во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење. Нашето мултиетничко и мултикултурно општество не е само резултат на законски одредби, стандарди и практики. Тоа е одраз на меѓусебното разбирање, заедништво и почит на сите наши граѓани.
Како и целиот свет, така и нашата заедничка татковина, Република Македонија, се соочува со пандемијата на Ковид-19 која немилосрдно одзема човечки животи и остава длабоки здравствени, финансиски и социјални последици. Како и во сите историски премрежија, така и сега да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, своите најблиски и целата заедница. Не се сомневам дека со цврста волја, посветеност, дисциплина и внимателност набргу ќе излеземе како победници пред невидливиот непријател кој не разликува расна, етничка, верска, полова, идеолошка или каква било припадност.
Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар