Честитка од претседателот на Собранието Џафери за Рамазан
Претседателот на Собранието Талат Џафери лично и од името на пратениците упати честитка до сите граѓани, припадници на исламската вероисповед за кои од денеска започнува светиот месец Рамазан.
– Светиот месец Рамазан, е месецот во кој се практикува постот, молитвата, споделувањето на храната и убавиот збор, месецот во кој се обединуваат семејствата, соседите, пријателите, се среќаваат и запознаваат познати и непознати, се споделуваат со нив желби за добро здравје, мир и спокој во умот и душата, среќа и благосостојба во домот и за сите луѓе. Нека духот на овој месец со сета негова солидарност биде драг гостин во секој дом, нека ги облагороди срцата со убави мисли на почит и љубов кон блиските и кон сите луѓе, знајни и незнајни. Бидејќи, не смееме да заборавиме дека сме сите пред сѐ луѓе, потребни сме си едни на други, за со заеднички сили да градиме среќно, напредно и успешно демократско општество во кое секој ќе има достоинствен живот, ќе биде почитуван и вреден дел од мозаикот, стои во честитката упатена од Џафери.
Претседателот на Собранието Џафери, како што стои во честитката, им посакува на сите добро здравје, благосостојба и духовен мир, а бидејќи Рамазан е и месец на физичкото и менталното искушение, се подвлекува, нека биде со лесно и со убаво за сите кои ќе постат, а сите останати да имаат разбирање кон сограѓаните.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот