Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски
Претседателот Ѓорге Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, до сите верници од православна вероисповед, до членовите на Светиот архијерејски синод и до целото свештенство и монаштво.
- Свети Климент е основоположник на Охридската книжевна школа, чии ученици станаа учители на словенскиот свет. Од тогаш, па сè до денес, неговото дело е вградено во секоја буква што ќе ја напишеме и во секој збор што ќе го изговориме. Просветлувајќи нè, тој ни даде голема творечка и духовна слобода и ни остави богато духовно и културно наследство со кое ретко кој народ може да се пофали, вели во честитката Иванов.
Учејќи нè на универзалните вредности и принципи на солидарност и хуманост, св. Климент, како што посочува Иванов, нè повикува „да се обновиме со добрина и со чистота, и животот да ни биде достоен по светост, а не само по име да се нарекуваме христијани“.
- Наредната 2016-та година треба да мине во знакот на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски. Сеќавајќи се на нашиот голем народен светител и учител, треба да останеме достојни на неговото наследство. А тоа ќе го постигнеме ако, во сè што правиме се престигнуваме во добрина. Како чувар на споменот и наследството на св. Климент Охридски, Македонската православна црква - Охридска архиепископија има постојана задача да биде глас на мирот и добрата мисла, утехата и надежта во Република Македонија, се наведува во честитката.
Ново на Сител
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис