Честитка од премиерот Заев по повод Успение на Пресвета Богородица
– Сите минливи дневни искушенија се решливи со љубов, радост и добрина, порача денеска премиерот Зоран Заев, од Крива Паланка каде присуствуваше на Божествената литургија посветена на Успението на Пресвета Богородица во храмот на манастирот св.Јоаким осоговски. Тој оттаму упати честитка до сите верници.
-Дозволете ми да им го честитам на сите христијани големито празник Успение на Прсевета Богородица, празник на љубовта и радоста. Колку и да изгледа чудно што со радост го славиме успението на Богородица во царството Божје, по нејзината смрт, но дотолку повеќе се потврдува дека во димензиите на вечноста овие вредности се исто така вечни. Споделувањето на овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината не упатува на помислата дека многу често ги забораваме под притисокот на минливите дневни искушенија. Јас сум сигурен дека сите тие стануваат решливи со радсот, добрина и љубов, рече премиерот Заев.
Порача дека како добри луѓе, треба да си помагаме, меѓусебно да си пружаме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина за сите нас во нашата земја
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава