Честитка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата по повод Курбан Бајрам

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.
- Големите верски празници се мигови кога се празнуваат традиционалните вредности на хуманост, толеранција и заедништво. Република Македонија има вековна традиција на заеднички живот помеѓу различните верски и национални групи и таа традиција треба да ја развиваме и негуваме од почит кон нашите предци, но и како обврска за нашите идни поколенија, се вели во честитката.
Во овие денови, се додава во неа, обединети, заеднички да покажеме меѓусебно почитување и да упатиме силна порака дека единствено преку меѓусебно разбирање и соживот ќе создадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет на нашата држава.
Ново на Сител
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
-

Катерина Зајковска предложена за член на Антикорупциска
-

Нова национална стратегија за бездомните кучиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
