Честитка од Јолевски по повод Денот на сесловенските просветители
Министерот за одбрана Зоран Јолевски упати честитка до вработените во Министерството, до припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители.
- Делото на браќата Кирил и Методиј има највисока цивилизациска вредност. Нивната упорност и вербата во моќта на писменоста ни овозможија да зачекориме во светот на цивилизирани нации со развиена културолошка свест, подготвени да ја запишуваме нашата долга историја, истакнува Јолевски во честитката.
Нам, како што додава, ни останува одговорноста преку интензивен развој на образованието во сите области, да продолжиме да одиме на патот кој го трасираа браќата Кирил и Методиј.
- Министерството за одбрана во континуитет вложува напори за развој на Воената академија, која е срцевината на военото образование во Република Македонија. Токму затоа работевме и на издигнување на академијата во Национален универзитет за одбрана кој ќе има капацитет за креирање на идните воени лидери кои како дел од Армијата на Република Македонија ќе даваат свој несебичен придонес во рамките на Северноатлантската алијанса, додава министерот Јолевски.
Ново на Сител
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот