Македонија
17. July 2025 - 16:29

Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот

Трагедија го потресе Охрид, почина 16 годично момче откако со мотор излетало од коловозот и удрило во метален столб. Несреќата се случила после полноќ на регионалниот пат Охрид-Свети Наум во населбата Рача.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите, а неговиот сопатник исто така 16 годишник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“.   

Ова е уште еден аларм од СВР Охрид со апел до сите возачи да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината .

 Според статистичките податоци брзото возење, односно неодговорното однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.