-->
-->
Честитка од градоначалничката Арсовска по повод големиот христијански празник – Богојавление Водици
-->
Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Северна Македонија и дијаспората по повод големиот христијански празник – Богојавление Водици.
-По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, симболот на духовното раѓање и спасението, градоначалничката Арсовска присуствуваше на положувањето на светиот крст во водите на реката Вардар на мостот Слобода, кој денеска по трет пат успеа да го фати Христијан Ниневски на кој Градот Скопје пожелувајќи му успех и среќа традиционално му додели златник и икона.
-Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и посакувам спокој, добро здравје и радост. Да ги негуваме хуманоста и солидарноста, да живееме во разбирање и слога, со грижа и внимание за секој. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Бог се јави!“, истакна Арсовска во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа
-
Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија