Честитка од Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј до архиепископот на МПЦ - ОА г.г. Стефан по повод неговиот именден
Цароградскиот патријарх г.г. Вартоломеј испрати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, по повод неговиот именден. Вашиот именден, се наведува во честитката до г.г Стефан „дава повод да ги пофалиме: Вашата непоколеблива верност кон Светата Христова Велика Црква, ненамалениот интерес за богољубивото функционирање на црковните работи, и Вашата добра борба за христоподобното сведоштво во светот со благонаклонливо уво за знаците на времињата“.
Во продолжение ја пренесуваме содржината на честитката:
„Преосвештен Архиепископе Охридски, во Светиот Дух возљубен брату и сослужителу на нашата Смиреност, господине Стефане, благодат и мир од Бога на вашето Преосвештенство.
Заедно радувајќи се во одбележувањето на Вашиот именден, Ви ги упатуваме срдечните поздрави и честитки на Вселенската Патријаршија и од мене лично.
За полнотата на православните, празниците се време за славословие на дародавецот Бог, Кој сè гледа. Истовремено, тие се прилика за општење и заедничарење во животот и во радоста, за духовно обновување и за егзистенцијално хранење. Вашиот именден дава повод да ги пофалиме: Вашата непоколеблива верност кон Светата Христова Велика Црква, ненамалениот интерес за богољубивото функционирање на црковните работи, и Вашата добра борба за христоподобното сведоштво во светот со благонаклонливо уво за знаците на времињата.
Во овој дух, молејќи Му се на нашиот Бог и Спасител Исус Христос да Ви дарува крепко здравје, неуморна сила и секој вишен благослов, за плодно продолжување, што подолго, на Вашата црковна служба, во слава на името на Оној Кој е над секое име, ве целиваме со свет целив и остануваме со исклучителна чест и со длабока љубов во Господа.
На многу години, Преосвештен брате!“
Ново на Сител
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло